Во КОД имаме интервју со Ким Линдквист кој три децении како обвинител работел на федерални случаи во САД. Во Макеоднија неколку седмици работи како обучувач на истражителите од МВР.
Иако бивш обвинител тој смета дека Обвинителите не се специјализирани за истраги и тоа треба да го препуштат на професионално обучени лица. Целта според него е наоѓањена фактите за да се дојде до правда за жртвата.
Линдквист ја нагласува виктимизацијата на жртватга која настанува кога системот му ја дава на обвинителот, примарната одговорност за истрагата.
За него, обвинителите се адвокати кои се образовани но не се едуцирани за да ја спроведат истрагата. Го прашавме и што мисли за истрагата за пожарот во Кочани кој однесе 62 животи, обвинтеи се триесет и четири луѓе и три фирми. Но, дали роднините на жртвите ќе дојдат до правда за нивните деца.
Поранешниот америокански обвинител е изненаден затоа што не се покренати обвинена за убиство туку за други кривични дела.
Виктимизација на жртвите според него се случува и кога прво се апси а потао се врши истрагата, тоа го наведува истражителот да се насочи кон уапсениот но допрва треба да изнесе факти за неговата вина.
Во Кочани е очигледно дека станува збор за пропуст во системот за безбедност како што вели мојот соговорник но за него останува необично што не е спроведена истрага за убиство кое според него очигледно е дека се случило но и со вакво дело би се добила побрза правда за семејствата на жртвите и доверба во правосудниот систем.
Ова издание на КОД беше емитувано на 05.10.2025 на ТВ Телма.
