Вести Свет Топ вести

Келог: Путин е реалист, ќе попушти само пред сила

Специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп во Украина, Кит Келог верува дека победата на Русија во Украина ќе го охрабри рускиот претседател Владимир Путин да нападне членка на НАТО. Во интервју за Телеграф, американскиот пензиониран генерал, исто така, направи паралела меѓу сегашната ситуација и периодите пред Втората светска војна.

Келог ги коментираше изјавите на поранешниот потпретседател на САД, Мајк Пенс, кој минатата недела тврдеше дека руското заземање на Украина ќе биде следено со напад на една земја членка на НАТО.

„Апсолутно. Путин и Русија мора да се сметаат за експанзионистичка сила. Тој сака да ја обнови Руската империја, само погледнете ја историјата. Дајте му еден инч, ќе земе милја“, рече Келог.

„Во Минхен во 1938 година Хитлер рече дека ја сакал само Судетската област. Потоа Порајње, па Полска, а потоа завршивме во Втората светска војна. Историјата не ни се повторува, но сигурно „се римува“. Токму ова се случува тука со Украина. Мора веднаш да го запреме Путин“, рече тој.

Келог забележа дека Путин „никогаш не престанал да биде“ агент на КГБ. „Тој не го разбира Западот. Се преправа дека не зборува англиски, а зборува и неколку пати претходно го фативме во тоа. Тој е манипулатор. Единственото нешто што може на тоа да му се спротивстави е снагата, моќта и силата“, убеден е тој.

Тој додаде дека на руското фалење дека е силна нуклеарна сила мора да се одговори, а не да се игнорира, потсетувајќи се како Трамп разговараше со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун.

„Кога Севернокореецот му кажа дека се нуклеарна сила, одговорот на Трамп беше: „И ние сме. И јас имам црвено копче. Подобро е од твоето и подобро функционира.“ „Путин е реалист и доколлку го зголемите влогот, тој ќе се откаже“, изјави Келог.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ: Дали Мицкоски и за ослободувањето на Груевски имаше чувство?

Kristina Kuzmanovski

Косово ја прогласи српската министерка Снежана Пауновиќ за персона нон грата

Kristina Kuzmanovski

Со ограничени резерви на гориво, девет авиони над Лондон во вонредна состојба, пренасочени и 14 летови

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе