Култура

На 1 и 2 август „ Расплет фестивал“ во Кочани со хуманитарен карактер

Четири месеци се поминати, но раната оставена од трагедијата во дискотеката „ Пулс“  сѐ уште е свежа. За жал, вниманието на јавноста сè повеќе и повеќе се губи, а луѓето забораваат. Не смееме да дозволиме таквата ситуација да остане незабележана. Тишината во овој момент е гласна, затоа ние треба да сме погласни! Ова се мотивите за организирање на музичкиот фестивал „ Расплет“ што ќе се одржи на  1 и 2 август на Споменикот на слободата, во Кочани. Фестивалот е од хуманитарен карактер , а средствата што ќе бидат собрани , се наменети за повредените во пожарот од 16 март. Организатори се млади луѓе од градот, како и бендот „ Корка“ .

Главна цел на настанот е да ја подигнеме свест дека донациите не треба да се намалат и дека се потребни исто како првите денови на формирањето на „Support Kocani“. Донациите се намалуваат. Ние сме овде да ве потсетеме дека тие не смеат да запрат, бидејќи им се најпотребни на повредените кои чекаат на нив. Некои од тие лица директно се вклучени во организацијата на фестивалот, за нивна повторна социјализација, велат организаторите во соопштение до јавностаПричината за дводневното времетраење  на фестивалот е за да се привлече поголемо внимание кон Кочани и сите засегнати од трагедијата и да се соберат што е можно поголем број донации. Вториот дел од настанот (во сабота на 02.08.2025) ќе започне подоцна, за да се остави простор на „ Маршот за ангелите“ , кој што, како што велат организаторите на фестивалот „ Расплет“, од сè срце го подржуваат, учествуваат и повикуваат да земаат учество и лица надвор од Кочани.

Само ние, младите, можеме да си помогнеме едни на други, велат организаторите на фестивалот.

Целиот настан е посветен нa Сара Јорданова , нивна драга пријателка и соученичка која го загуби животот во пожарот, но и за сите други засегнати.

Во двете фестивалски вечери ќе настапат артистите: Хајка, Taxi Consillium, Корка, Алембик, Јаблан, Don Playa, Луфтханза, Соба Глувих, Големата Вода, Mallard и DJ Gianni.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина Хазарос Сурмејан, балетски уметник и кореограф

Дејан Дејан

„Трансформирана меморија“ самостојна изложба на Данчо Ордев, вечерва во галеријата Остен

Дејан Дејан

Филмски журнали снимени во Македонија, пред 70 години, станаа дел од колекцијата на Кинотека

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе