Четири месеци се поминати, но раната оставена од трагедијата во дискотеката „ Пулс“ сѐ уште е свежа. За жал, вниманието на јавноста сè повеќе и повеќе се губи, а луѓето забораваат. Не смееме да дозволиме таквата ситуација да остане незабележана. Тишината во овој момент е гласна, затоа ние треба да сме погласни! Ова се мотивите за организирање на музичкиот фестивал „ Расплет“ што ќе се одржи на 1 и 2 август на Споменикот на слободата, во Кочани. Фестивалот е од хуманитарен карактер , а средствата што ќе бидат собрани , се наменети за повредените во пожарот од 16 март. Организатори се млади луѓе од градот, како и бендот „ Корка“ .
– Само ние, младите, можеме да си помогнеме едни на други, велат организаторите на фестивалот.
Целиот настан е посветен нa Сара Јорданова , нивна драга пријателка и соученичка која го загуби животот во пожарот, но и за сите други засегнати.
