Од недела со постепено намалување на температурата. Ќе се задржи сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југозападен, а кон крајот на денот и во текот на ноќта од северен правец.
Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од југозападен, а кон крајот на денот од северен правец.
Минималната температура ќе се движи во интервал од 14 до 22°C, а максимумот од 31 до 38°C.
Информација од утрово:
Температура на вода, измерена во 7.30 часот (во °C)
Охридско Езеро 23.5, Преспанско Езеро 23.5, Дојранско Езеро 26.4
Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!
e-mail: [email protected]
https://www.instagram.com/telmameteo/
