Вести Култура

Љутков: Со ребалансот на буџетот обезбедивме осум милиони денари за обнова на Скопското кале – симболот на Скопје

Координирана акција за расчистување и уредување на просторот на Скопското кале. Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков информираше дека состојбата е лоша и со двата музеи на Калето за кои, како што рече, ќе треба комплетно обновување. „Управата за заштита на културно наследство ќе успее до крајот на годината да ги заврши овие два инфраструктурни проекти и ќе ги стави во функција“, рече Честоева.

„Министерството за култура и туризам и како инвеститор на овие два музеи кои што треба да отпочнат со градежни активности. Со ребалансот на буџетот, како што спомена и министерот, се одобрени осум милиони денари. Управата за заштита на културното наследство ја подготви техничката спецификација и во наредниот период чекаме да се објави во „Службен весник“ ребалансот на буџетот. Ќе го распишеме тендерот, за да може да се влезе и да се почне со работа“, изјави Весела Честоева, директорка на Управата за заштита на културното наследство.

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, директорката на Управата за заштита на културното наследство Весела Честоева, придружувани од градоначалниците на општините  Гази Баба, Аеродром, Ѓорче Петров и Бутел, денеска присуствуваа на координираната акција за  расчистувањето и уредување на просторот на Скопското кале.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски: Проширувањето е живо, а европските лидери го покажуваат тоа

Дејан Дејан

(фото)Повеќе од 330 основци учествуваа на церемонијата на менување на државното знаме во претседателскиот кабинет

Дејан Дејан

Ќе се отвори ли конечно „Маркова Нога“, ова  е сепак Балкан вели за роковите евроабмасадорот Рокас

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе