Координирана акција за расчистување и уредување на просторот на Скопското кале. Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков информираше дека состојбата е лоша и со двата музеи на Калето за кои, како што рече, ќе треба комплетно обновување. „Управата за заштита на културно наследство ќе успее до крајот на годината да ги заврши овие два инфраструктурни проекти и ќе ги стави во функција“, рече Честоева.
„Министерството за култура и туризам и како инвеститор на овие два музеи кои што треба да отпочнат со градежни активности. Со ребалансот на буџетот, како што спомена и министерот, се одобрени осум милиони денари. Управата за заштита на културното наследство ја подготви техничката спецификација и во наредниот период чекаме да се објави во „Службен весник“ ребалансот на буџетот. Ќе го распишеме тендерот, за да може да се влезе и да се почне со работа“, изјави Весела Честоева, директорка на Управата за заштита на културното наследство.
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, директорката на Управата за заштита на културното наследство Весела Честоева, придружувани од градоначалниците на општините Гази Баба, Аеродром, Ѓорче Петров и Бутел, денеска присуствуваа на координираната акција за расчистувањето и уредување на просторот на Скопското кале.
