Вести Код Македонија

КОД: Истрага за еколошки последици од мазутот на РКМ за ТЕЦ

Пред повеќе од два месеци е отворена истрагата за финансиски злоупотреби при увоз на мазут од РКМ за ТЕЦ Неготино.

Во вечерашното издание, КОД открива детали за истрагата и зошто се користени фотографии од пустинско рели со камили и како се движеле парите кои се под истрага на обвинителството.

Истовремено е отворена и предистрага за еколошки криминал односно за загадување на животната средина и за опасност по здравјето на луѓето поради квалитетот на огромното количество мазут изгорено во ТЕЦ Неготино.

Според одговорите на надлежните секоја четврта проверена цистерна со мазут увезена од РКМ имала поголем процент на сулфур од законски дозволениот максимум. Проблемот е што не се испитувани сите цистерни туку само дел од нив.

Во КОД вечерва (18.05.2025.) и за новите откритија за финансиски злоупотреби со набавките на РЕК Битола. Биле исплаќани пари за незавршени работи. И додека во ЕСМ се зголемува фондот за платите и се исплаќале незавршени тендери- државната енергетска компанија лани бележи загуби од над 120 милиони евра. КОД е по вечерните вести на Телма.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бројот на загинати во Венецуела е над 3.300 луѓе – ажуриран извештај за жртвите во разорните земјотреси

Sasko Dimovski

Гази Баба: 24-годишно момче пронајдено починато

Kristina Kuzmanovski

(Видео) Загинаа 11 луѓе, 46 повредени во голем руски напад врз Киев – Русија соборила 519 украински дронови

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе