Вести Култура

Силјановска: Книгите што ги читаме, на кои се навраќаме, многу повеќе говорат за нас, од било кое CV

Во ера на некултурен натпревар на народите, Саемот на книга е обид за културен натпревар на народите. Со овие зборови претседателката Силјановска Давкова го прогласи за отворен 37-от Саем на книга. Сепак, како што спомена, и самата тоа што ѝ недостига е старата градба во која што со години се одржуваше Саемот и дека што поскоро треба да создадеме достоинствен дом на книгата.

„Токму книгите што ги читаме, а особено оние книги на кои се навраќаме, ги препрочитуваме, јас тоа често пати го правам и гледам дека сега поинаку гледам на многу напишани нешта одошто сум гледала во младоста. Тие зборуваат повеќе за нас, за нашите идеи, за нашите идеали одошто било која напишана биографија или CV или особено профилите на социјалните медиуми“, изјави претседателката Гордана Силјановска Давкова. 

Блискоста и разбирањето се доминантни во српско-македонските културни односи, рече српскиот министер за култура Никола Селаковиќ кој се обрати на македонски во чест на 80 години од кодификацијата на македонскиот јазик.

„Токму затоа ми е особено драго што по пауза од 11 години, Република Србија повторно се појавува како изложувач на 37-от Саем на книгата во Скопје. Причината за тоа ја најдовме и во фактот што со години наназад делата од српските писатели најмногу се преведуваат токму на македонски јазик“, рече Никола Селаковиќ, министер за култура на Србија.

Во време на дигитални промени, брзи информации и наслови што трепкаат книгата станува моќен и тивок отпор.

„Книгата е продолжение на нашата колективна свест. Книгата е и отпор против заборавот, крвоток на културата, столб на демократијата и учител кој никогаш не заминува во пензија“, изјави министерот за култура и туризам, Зоран Љутков.

Во изминативе неколку години, Саемот за книги бавно, но не и незабележано започнува да ги следи светските трендови, вели Андоновски, добитник на Европската награда за литература.

„Последниве две години, благодарение на Здружението, имаме присутни агенти, претставници на издавачки куќи од регионот и од Европа“, истакна писателот Петар Андоновски.

Во рамки на годинашниот 37. Саем на книгата, кој ќе трае до 14 мај, се претставуваат над 65 домашни и странски издавачи и предвидени се 110 промоции.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пукање во центарот на Штип- еден повреден, напаѓачот во бегство

Дејан Дејан

Политички актер кои прифатил сервилност во Владата вака Села ги коментира изјавите на Таравари

Дејан Дејан

Американецот Роберт Превост е новиот папа со името Лaв XIV

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе