Вести Култура Македонија

Третманот на децата во образовниот систем низ премиера во Драмски театар

Третманот на децата во образовниот систем денес, е темата на камерната претстава „ Гидионовиот јазол“, чија премиера ќе се одржи утре вечер на малата сцена во Драмски театар. Наградениот текст од американската критика на авторката Џона Адамс, според драматизацијата на Викторија Рангелова- Петровска, го постави режисерката Драгана Милошевски- Попова. Тој зборува за меѓучовечката комуникација, забугата , универзалноста на болката и одговорноста.

  • Целата позиција на детето во општеството , за мене е многу важна. Се разбира и како мајка, но и како човек кој е одговорен, пред сѐ да проговори на различни теми , кои што не мора секогаш да бидат пријатни, кажа Драгана  Милошевски- Попова, режисерка на претставата.

Дејствието во оваа дуо драма е фокусирано на средбата меѓу мајката Корин, во изведба на Билјана Драгичевиќ- Пројковска и наставничката Хедер, што ја толкува младата Ања Митиќ. Средбата е по случена трагедија, за која се бараат причините и виновникот. Преку повеќеслојниот текст се отвораат и прашања за цензурата врз талентираните деца на училиште и за проблемите пред кои се исправени, при растењето.

  • Зачнуваме една тема која што ја оставаме со отворена врата. Што значи тоа? Дека решение нема, дека можеме ние да го приближиме она што се случува во општеството пред сѐ, и во училиштата. Меѓутоа, решението сепак останува зад отворени врати, т.е. дека секој треба да види каде е неговата грешка, рече Билјана Драгичевиќ- Пројковска, актерка.
  • Оваа наставничка која што можеби не успеала до крај да увиди некои работи. Можеби, едноставно толку умеела во тој момент. Тоа е исто така уште едно прашање кое што го отвора оваа претстава преку мојот лик, понекогаш кој е наставниот кадар, вели Ања Митиќ, актерка.

Во претставата настапуваат и деца од Драмското студио „ Прва проба“. Сосема оправдано, за да не потсетат како се однесуваме кон најмладите на кои им ја препуштаме иднината и каква ќе биде таа за сите нас, доколку не се грижиме и разбираме едни со други.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Американецот Роберт Превост е новиот папа на Римокатоличката црква

Дејан Дејан

(Видео)Бел чад од Сикстинската палата – Избран нов Папа на римокатоличката црква

Дејан Дејан

Третманот на децата во образовниот систем низ премиера во Драмски театар

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе