Вести Култура Македонија

Стаматоски целиот свој живот го посвети на заштита на македонскиот јазик

Стаматоски зазема едно од централните и највидните места меѓу основоположниците на македонската наука за јазикот. Целиот свој животен век го посвети на заштита на македонскиот јазик, во континуитет беше мостот меѓу Институтот за македонски јазик и светот, забележа Јованова- Грујовска на одбележувањето 100 години од раѓањето на истакнатиот македонски лингвист и научник Трајко Стаматоски.

Тој исто така е човекот кој будно стоеше на стражата за зачувување на македонскиот јазик. Неговата историја, можноста да се покаже дека македонскиот јазик е посебен јазик, кој што се издвојува настрана од другите словенски јазици“ изјави проф. д-р Елена Јованова- Грујовска, директорка на Институтот за македонски јазик „ Крсте Мисирков“.

Во ниту еден миг не треба да заборавиме на неговиот придонес во македонистиката пред се во ономастиката што беше негов главен домен, рече професор Каранфиловски. Стаматоски целиот свој живот го вложи и во Фондацијата тогашна „Небрегово“, во оставината на Блаже Конески.

„Во таа смисла беше многу важна неговата стратешка мисла да се обнови родната куќа на Блаже Конески, да стане спомен дом и да стане еден вид на култно место за македонистиката, за македонскиот јазик која ќе биде посетувана од ученици, од студенти и видни македонисти“ рече проф. д-р Максим Каранфиловски, Филолошки факутет Блаже Конески“, Фондација „Небрегово“.

Стаматоски го формираше и одделението за ономастика во Институтот за македонски јазик, најголемите научни трудови во ономастиката меѓу кои и „Речникот на презимињата на Македонците“ беа под негово раководство.

„Како раководител на одделението за македонска ономастика кое што во тој период било во зародиш кај нас д-р Трајко Стаматоски се нашол пред нималу лесна задача. Најпрво да селектира и обезбеди соодветен кадар кој подоцна ќе го обучува за потребите на научните истражувања во неговото одделение. Во тој контекст Стаматоски го истакнал својот изострен осет во изборот на соработници во одделението за ономастика кое што набрзо прераснало во едно од најбројните и би рекла најтимски одделенија во Институтот за македонски јазик“ изјави проф. д-р Мери Јосифовска, Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ .

„Стаматоски како истоврсник со Блаже Конески е сведок на низа настани што се однесуваат на македонскиот јазик, некогаш и неповолни кои останале незабележани од Конески, а за кои може да дознаеме од последните книги на Стаматоски“ рече проф. д-р Елка Јачева-Улчар, Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“.

Стаматоски секогаш велеше, додаде Јачева Улчар дека ништо не сме направиле доколку науката ѝ се повини на политиката и политиката секогаш треба да стои простум пред науката.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Меџити, Касами и Ибрахими во Владата на средба со Мицковски

Дејан Дејан

Поради нехуман третман на животните АХВ времено го затвори стационарот Лана во Струмица

Дејан Дејан

Георгиевска: Новинарите се заложници на политичарите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе