Вести Македонија Топ вести

КОД: Дали е украден „Мој термин“ на пациентка за преглед на клиниката за Гастроентерохепатологија?

Техничка грешка или злоупотреба на лични податоци и на здравствено осигурување. Скопјанка се шокирала кога на преглед на Клиниката за гастроентерохепатологија ѝ кажале дека резултатите ѝ се подобри од вчерашните. Не можела да го убеди докторот дека нема вчерашни резултати и дека првпат доаѓа на преглед. Тогаш утврдила дека некој друг се прегледал во нејзино име и оти туѓи резултати и туѓа дијагноза стојат во нејзиното здравствено досие. Фондот за здравство извршил увид и за сознанијата ќе ги извести надлежните.

Што презеле надлежните и колку често се случуваат вакви работи на Клиниките гледајте вечерва во КОД. Во емисијата и анализа за канцерот во македонското здравство, но и пензискиот систем. КОД истражуваше како одела шемата за издавање на лажни инвалидски пензии и сретсва за туѓа нега.

Емисија КОД е веднаш по информативниот блок во 18:30 часот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Најнереформираната институција во изминатите 34 години – претседателката Силјановска Давкова на Тркалезна маса за Уставен суд

Дејан Дејан

Превртен автомобил – сообраќајка на крстосница во Аеродром

Дејан Дејан

Двајца браќа обвинети за убиство и за обид за убиство на подмолен начин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе