Вести Македонија Најважни

Тошковски ги обвини ДУИ, СДСМ и Левица за создавање на алијанса

По интерпелацијата поднесена од партијата Левица, а поддржана од СДСМ и нападите од ДУИ до министерот за внатрешни работи Панче Тошковски за трагедијата во Кочани, тој денеска со контранапад кон трите опозициски партии за кои на својот Фејсбук профил напиша дека „се создава алијанса која треба да фрли сенка врз расчистувањето со корупцијата и ставање крај на политичката неказнивост“.

„Не се напаѓа оној што не претставува закана, се напаѓа оној што навистина менува нешто. Оној што не прифаќа да биде дел од нивниот удобен систем на молк, неказнивост и меѓусебна заштита. Токму затоа, јас овие напади не ги гледам како закана, туку како комплимент дека конечно правдата ги допре оние кои мислеа дека засекогаш ќе останат недопирливи“, стои во објавата на Тошковски на Фејсбук.

Според Тошковски, трите партии наводно се борат една против друга, но оти покажале дека нивниот заеднички интерес е посилен од сите нивни привидни разлики. Тој притоа на секоја одделно и посветува дел од објавата, при што за ДУИ констатира дека создала заробена држава и оставила пустош зад себе во сите области, СДСМ ги нарекува приврзоци на ДУИ кои седум години биле тивки соучесници во распаѓањето на државата, а Левица дека се политичките паразити кои живеат и се хранат од народниот гнев создаден токму од нивните сегашни партнери, ДУИ и СДСМ.

На постот на Тошковски реакција стигна од СДСМ од каде му порачаа дека наместо да се жали на Фејсбук како опозицијата го напаѓала, треба да си поднесе оставка, како минимум чин на лична одговорност.

„Пред оставката треба да ги приведе сите седум началници за кои сите правни експерти во државата јасно кажаа дека имаат директна одговорност за настанот. Началници, командири, луѓе од БЈБ, па дури и полицајци што биле таа вечер на лице место. Никој од нив не е ниту повикан, ниту истражуван. Тоа е срамно. Тоа е директен доказ за селективна правда“, изјави Талески од СДСМ.

Талески притоа му порача на Тошковски, наместо да измислува и обвинува за алијанси кои ги нема, да даде одговори на поставените прашања за одговорноста на лицата во врвот на полицијата за трагедиата во Кочани.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Одложено рочиштето на кое Палевски требаше да продолжи со давање исказ

Дејан Дејан

Пронајдени седум мигранти во „хјундаи“ во близина на гевгелиско Мрзенци, приведен криумчарот

Дејан Дејан

Тензична јавна расправа за депонијата во Новаци 

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе