Вести Македонија Најважни

Taравари се уште го нема видено извештајот за пациентот кој почина чекајќи операција на Клиниката за кардиохирургија

Министерот за здравство, Арбен Таравари, се уште го нема видено извештајот за пациентот Тони Ангеловски, кој почина чекајќи операција на Клиниката за кардиохирургија. Тој побара време да се запознае со случајот, но најави и одговорност доколку бидат констатирани пропусти.

59-годишниот Тони Ангеловски кој со пукната аорта чекаше операција на Клиниката за кардиохирургија не ја дочека здравствената помош бидејќи во моментот единствената сала на Клинички за едноскопска операција не работела, а пак во салата на Торакална хирургија немало стентграфтови.

ДСЗИ по спроведена вонредна контрола пак не констатираше пропусти во постапката.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

УСС-УКИМ апелира и бара да се санираат инфраструктурните проблеми во студентските домови

Дејан Дејан

Владата денес со отчет за првата година од работењето

Дејан Дејан

Азиските берзи во пад по нападот врз Иран

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе