Вести Македонија Најважни

Венко Крстевски избран за градоначалник на Кочани

Венко Крстевски е избран за нов градоначалник на Кочани по оставката на Љупчо Папазов. На денешната седница на Советот на Општина Кочани со 9 гласови „ЗА“ и еден „ВОЗДРЖАН“ за в.д градоначалник го изгласа Крстевски.

Гласањето се одвиваше во два круга, во двата резултатот беше идентичен, Крстевски доби 9 гласови „ЗА“, а неговиот противкандидат од ВМРО-ДПМНЕ, Гоце Марковски доби 8 гласови „ЗА“.

„Јас ќе бидам мост помеѓу народот и помеѓу институциите. Фокусот ќе ми биде на младите, бидејќи младите се движечка сила којашто треба го изградат нашиот град. Одиме напред со чесна и ефикасна работа за Кочани да биде поубаво место за живеење, се со цел да ја надминеме оваа апатија и агонија која се наоѓа во градот. Ги повикувам сите млади со креативни идеи и проекти, бидејќи кабинетот на градоначалникот секогаш ќе биде отворен за нив“ порача новоизбраниот градоначалмик Венко Крстевски. 

По гласањето советниците му порачаа на Крстевски „памет во глава“, а истиот истакна дека е отворен за соработка со сите политички партии и пред се со сите граѓани.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Украинците протестираат заради разрешувањето на министерот за одбрана

Kristina Kuzmanovski

Николоски: За набавка на нови автобуси аплицираа четири фирми

Tea Dimkovska

Министерот Сулејмани излезот од проблемот со пресметките на платите во културата го гледа во Законот за култура

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе