Вести Македонија Најважни

Палевски негира дека ги грабнал и убил Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски

Не ги извршил грабнувањата и убиствата на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски и немал мотив за такво злосторство. Сведочеше денеска пред судот првообвинетиот во случајот Љупчо Палевски Палчо, а на прашање на неговиот адвокат Јовица Страшевски дали е монструм и убиец, одговори ни едното ни другото.

„Не. Не сум ги избршил убиствата ниту грабнувањата. Едноставно немам мотив за тоа, затоа што во депото на ОЈО се наоѓа хард диск Тошиба, кој го земаа со записник во кој има преку 200 илјади телефонски  разговори.  Гнасотии на оваа политичка елита, но и на новинарската професија и доколку сум сакал да реализирам било какво користољубие сум можел да уценувам милијардери со ферари и останати, но ете тоа не сум го направил. Не само што не сум го направил, туку немам мотив да направам такво злосторство“ вели Љупчо Палевски Палчо.

Палевски го нападна и шефот на скопското јавно обвинителство Гаврил Бубевски и тогашниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски со неосновани обвинувања дека се одговорни за перењето пари во земјата. Ги нападна и медиумите дека се корумпирани од банкарскиот сектор, а оние што известуваат од судот дека се багра зад стаклото.

Палевски потврди дека ги познава сите обвинети освен Александар Ѓорчевски, кој се товари дека помогнал во грабнувањето на неговата ќерка Вања. Притоа опишуваше какви обврски и каков карактер имале Влатко Кешишев, Велибор Манев и Боре Видевски.

„Александар Ѓорчевски како  име и презиме ги прочитав во кривична пријава кога ми ја доставија во ќелија“ рече Љупчо Палевски Палчо.

Палевски негира и дека бил во бегство во Турција, како и тоа дека имал закажано операција. Планирал само да направи магнетна резонанца да добие специјалистичко мислење, па потоа да одлучи дали ќе има зафат. Но, не кажа кога и во која болница и дали та амагнетна резонанца била воопшто закажана. До обвинителството ја приложил неговата дијагноза.

Инаку кога беа приведени Кешишев, Манев и Видевски го посочија Палевски дека е организатор на грабнувањата и извршител на убиствата и со детали објаснија како се одвивале настаните и ја однесоа полицијата до локациите каде беа закопани жртвите. За време на судењето само Видевски негираше вина и го смени исказот.

Maрија Митевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во Рим денес продолжуваат преговорите за иранската нуклеарна програма

Дејан Дејан

Загинати 80 лица во американските напади врз Јемен

Дејан Дејан

Нови дигитални услуги на МВР достапни на интернет

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе