Вести Македонија Најважни

Кој ќе го замени Папазов – Советот на Кочани денеска ќе избира в.д. градоначалник

Неизвесен останува изборот на в.д. градоначланик на Кочани и покрај тоа што претседателот на општинскиот совет за денеска закажа седница токму со оваа точка.

Кочани речиси еден месец е без градоначалник откако Папазов, првично поднесе оставка, а потоа се најде и меѓу приведените за ужасната несреќа.

Иако општината има заменик градоначалник – Мирче Стојков од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, спорна е валидноста на неговиот потпис.

Со тоа е закочена работата на целата општинската администрација, а не може да се исплати и плата на сите вработени во институциите што се во надлежност на Кочани, како градинки и училишта.

Иако, на координација е постигната согласност и од опозициската СДСМ да даде поддршка на кандидатот што ВМРО-ДПМНЕ ќе го прелдожи.

Согласно законот, по оставката на Папазов на 18 март, Стојков како заменик градончланик во рок од 15 дена го известил министерството за локална самоуправа, по што беше инцирана постапката за избор на в.д. градоначалник.

Владата на 1. април го задолжи општинскиот Совет во рок од 30 дена да направи избор на в.д. градончланик на Кочани, кој на оваа функција треба да остане до редовни избори на есен.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Одложено рочиштето на кое Палевски требаше да продолжи со давање исказ

Дејан Дејан

Пронајдени седум мигранти во „хјундаи“ во близина на гевгелиско Мрзенци, приведен криумчарот

Дејан Дејан

Тензична јавна расправа за депонијата во Новаци 

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе