Вести Македонија Најважни

Бараме отчет за сработеното – мирен марш на роднините на жртвите во пожарот во дискотеката Пулс

Со солзи во очите и фотографиите на своите гради семејствата на 61 загинато лице во дискотеката „Пулс“ мирниот марш „Задоцнета реакција“ го почнаа од Паркот на револуцијата, застанувајќи во Трговскиот центар пред кафулето на сопственикот на Пулс.

„Нашите ангели заслужуваат правда“, „Ова не е несреќа, ова е убиство“ се дел од пораките кои беа испишани на транспарентите, кои ги носеа семејствата на младите луѓе, кои загинаа во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“.

Жителите на Кочани велат дека бараат правда за починатите и повредените млади луѓе од Кочани, Виница, Чешиново-Облешево, Пробиштип, Штип, Зрновци, Македонска Каменица, Берово.

Ова е втор протестен марш кој го организираат семејствата на настраданите од дискотеката Пулс. Првиот исто така со илјадници луѓе се одржа претходната сабота, а беше насловен како „Марш за ангелите“.

Пред три недели во дискотеката „Пулс“ се случи најголемата трагедија во земјава во изминатите три децении. На 16 март згаснаа животите на 59 млади луѓе, кои таа вечер беа на концерт на групата ДНК, а денот потоа не издржа и срцето на возачот на Итната медицинска помош, кој ги транспортирал децата од дискотеката Пулс до кочанската болница, а изминатите денови битката ја загубија уште двајца потешко повредени, кои се лекуваа во странство.

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Еден месец по „Пулс“, Кочани без вообичаената врева низ улиците – ќе требаат децении за враќање на животот во нормала

Дејан Дејан

Од петок аптеките, маркетите, салоните за мебел за бела техника ќе треба јавно да ги објават цените на производите

Дејан Дејан

Пожар во скопски ресторан, има сомнежи дека е подметнат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе