Култура

Исполнето барањето на СКРМ за повисоки мартовски плати, откажан е протестот најавен за утре

Утрово од страна на министерството за култура до сите институции од културата бил испратен службен е-маил, со упатства за пресметка на платите во културата, усогласени со минималната мартовска плата. Тоа значи дека државата ќе ги испочитува своите обврски и на уметниците и на културните работници ќе им даде за 8, 5% повисоки плати, објави Синдикатот за култура на Македонија, на неговиот Фб профил.
Вработените од културата ќе продолжат да ги земаат усогласените плати, согласно Колективниот договор за култура и Општиот Колективен договор за јавен сектор. А, поради настанатите промени и исполнувањето на правата на вработените од културата, Советот на СКРМ одлучи да го “замрзне” протестниот собир на Советот во проширен состав пред министерството за култура, па следствено на тоа, протестот закажан за  утре (11.04.2025 ) се одложува, се надеваме на неопределено време, се вели во постот на СКРМ.
Вработените од културата ја поздравуваат одлуката на државата и институциите кои што одлучија правилно и согласно законите да се почитуваат правата на вработените во културата, додаваат од СКРМ.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Започнува 60. Јубилеен МТФ „ Војдан Чернодрински“

Дејан Дејан

Почина Хазарос Сурмејан, балетски уметник и кореограф

Дејан Дејан

„Трансформирана меморија“ самостојна изложба на Данчо Ордев, вечерва во галеријата Остен

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе