Култура

Менче Андреева е назначена за директорка на Инспекторатот за македонски јазик

Со одлука на Владата, за директорка на Инспекторатот за македонски јазик е назначена Менче Андреева, од Велес . Таа е лиценциран лектор по македонски јазик , а до сега работела во ОУ „ Рајко Жинзифов“, во велешкото село Горно Оризари.

Со назначувањето на Андреева за директор на Инспекторатот за македонски јазик, се очекува да започне примената на Законот за употреба на македонскиот јазик. Тој беше изгласан во Собранието лани, кон крајот на јануари и до сега практично не е започната неговата примена.

Инспекторатот за македонски јазик треба да ја надгледува примената на Законот за употреба на македонскиот јазик во државните институции, органите на државната управа и во медиумите. Инспекторатот има задача да опоменува, но и да казнува доколку не се применуваат одредбите од Законот за употреба на македонскиот јазик. Тој предвидува задолжително лекторирање на документи и други материјали, но и задолжително вработување лектори во институциите и медиумите.

Текстот на Предлогот-Законот за употреба на македонскиот јазик го подготви претходниот состав на владиното тело- Совет за македонски јазик и министерството за култура , под раководство на претходната министерка Бисера Костадиновска-Стојчевска.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Љутков во Вин-Вин: Да го дадеме културното наследство на приватниот сектор да може да прави бизнис од него

Дејан Дејан

(Видео) Идеалот за остварување на сонот е секогаш присутен – интервју со Влатко Стефановски

Дејан Дејан

Денови на македонски кореографи – 20 години од „Јас, Исидора“, првата претстава на Малата сцена

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе