Uncategorized Вести Економија

Мазутот поевтинува за повеќе од денар на полноќ, останатите горива со непроменети цени

Мазутот е единствениот енергенс што ќе претрпи промена во малопродажната цена на горивата од ноќеска на полноќ. Килограм ќе се чини 40,006 денари, што е за над еден денар помалку од последната корекција на цените.

Цените на останатите горива ќе останат непроменети. Еуросупер БС-95 и натаму ќе се продава за 76 денари за литар, додека Еуросупер БС-98 за 78,5 денари за литар. Цената на дизелот останува 68,5 денари за литар, колку ќе чини Екстра лесното масло (Ел-1).

Без промена се цените и на останатите горива – Биодизел (Б6 БС) за 69,5 денари за литар, автоплинот за 46 денари за килограм, а килограм метан ќе се продава за 66,5 денари.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зеленски предлага тет-а-тет средба со Путин за завршување на војната во Украина

Дејан Дејан

Мерц и Макрон со нон-пејпер за Западен Балкан

Tea Dimkovska

Мехмети: Граѓаните очекуваат политики, а не отворање базени

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе