Вести Македонија Најважни

Внатрепартиски избори во СДСМ

На 78 избирачки места членството на СДСМ гласа за избор на претседател. Единствен кандидат е актулениот лидер Венко Филипче.  Партиските членови кои ги сретнавме се оптимисти дека пред сдсм се подобри денови по тешкиот пораз на ланскте избори

Филипче е на чекор до нов 4 годишен мандат откако изминатите 9 месеци согласно партискиот статут го завршуваше претходниот претседателски мандат откако Ковачевски си поднесе оставка. Вели изминатиот период со членството ги анализирале причините за лошите резултати на минатите избори а број пријавени челенови за гласање смета дека е знак за консолидација.

Аналитичарите сметаат дека СДСМ е на крстотпат по најлошиот изборен резултат лани а првиот тест за партијата ќе бидат локалните избори.

Над 23 илјади партиски членови се регистрирани за гласање од 8 утрово до 20 часот по што ќе бидат соопштени резултатите.

Елена Ивановска Муковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Претседателката Сиљановска-Давкова на НАТО самитот во Хаг

Дејан Дејан

Помина извештајот на Вајц за Македонија

Дејан Дејан

СДСМ: „Најлошото допрва доаѓа“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе