Вести Македонија Топ вести

 Мицкоски: Билатералните спорови да не бидат пречка за остварување на колективни цели

Билатералните спорови да не бидат пречка за остварување на колективни цели, порача премиерот Христијан  Мицкоски  во своето обраќање на состанокот на Парламентарното собрание на НАТО кој за првпат се одржува во Македонија. Додаде дека досега државата на својот трнлив пат направила многу отстапки  кои предизвикаа дебати и сомневање во општеството, сепак Македонија ја покажа својата лојалност кон вредностите во кои се уште веруваме, рече Мицкоски пред шефовите на Парламентарните делегации.

– Од друга страна не секогаш го добиваме она што го очекуваме, и таквата лојалност спрема нашите заложби се исполнувала. Тоа е чувството кое го има секој еден кон нас и секој еден граѓанин. Мислам дека е важно да се знае ова, ниту пак треба да се скрие ова горко чувство кај секој еден Македонец, каде и да се наоѓа во светот. Пријатели си помагаат, но и пријатели искрено си ги кажуваат своите чувства и забелешки. Сметам дека треба да се размисли и за воведување на механизми каде нема да се дозволи билатерални спорови да бидат пречка за остварување на колективната и заедничка цел, рече Христин=јан Мицкоски, премиер.

Министерот за одбрана Мисајловски пак кажа дека солидарноста во НАТО е видлива а Македонија тоа го почувствува неодамна по големата трагедија во Кочани, кога сојузничките земји понудија безрезервна помош и поддршка. Додаде дека светските процеси уште еднаш потврдуваат дека заедништвото е потребно повеќе од било кога досега.

-Вие ја знаете моќта на заедништвото, кое и покрај несогласувањето за некои теми не врзува во силата на Вашингтонскиот договор. Само неколку години по формирањето на НАТО се создаде Парламентарното кои во изминатите години придонесува за одржување на демократијата, индивидуалните слободи и владеење на правото како најсилни принципи на кои полива евроатланската идеја, рече министерот за одбрана Владо Мисајловски-

Парламентарното собрание  на НАТО брои 281 делегат од 32 земји членки на НАТО, како и делегати од асоцијативни земји членки, регионални партнери и од медитеранските асоцијативни земји членки, како и парламентарни набљудувачи од други земји и  парламентарни собранија и делегација од ЕП.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тројца загинати и 8 повредени во тешка сообраќајна несреќа кај Кичево

Дејан Дејан

Трамп: Мировниот договор меѓу Украина и Русија мора да се постигне „брзо“

Дејан Дејан

Хутите тврдат: Истрелавме проектили врз Израел и два американски носачи на авиони

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе