Вести Македонија Најважни

Марш за ангелите убиени во пожарот во Кочани- Родителите со солзи и со барање на одговорност за смртта на 60 млади луѓе во трагедијата

Река од луѓе, Кочани денеска мирно маршираше за своите 59 загинати ангели од Кочани, Чешиново-Облешево, Зрновци, Штип и Македонска Каменица, а кои починаа токму на 16 март во дискотеката Пулс.

Во тишина, скршени од болка и со сликите од сопствените чеда, синови и ќерки, семејствата на 59 загинати во кочанската дискотека „Пулс“ точна напладне мирно маршираа за ангелите.  Мирниот марш за 59-те ангели почна во Паркот на Револуцијата во 12 часот и 5 минути, како симбол на задоцнетата институционална реакција,  се упатија кон Трговскиот центар, каде што застанаа и пред кафулето на газдата на дискотеката Пулс,а потоа се упатија кон Општина Кочани, Полициската станица и Основниот суд и Обвинителството.

Задржувајќи се кратко пред институциите, родителите упатија прашања за одговорноста на надлежните и побараа правда за своите деца.

-Кој ги уби нашите ангели, кој ги уби нашите херои и кој ги пеплоса тие ангелски лица, истакна една од мајките на починатите во трагедијата.

На транспарентите кои ги носеа семејствата и другарите и другарките на 59 загинати во пожарот во кочанската дискотека, која е најголемата трагедија во земјава во изминатите три децении пишуваше Ова не е несреќа, ова е убиство, Коруптивниот систем ги уби нашите деца.

Тие порачаа дека ако сите институции си ги извршувале своите задачи до трагедијата немало да дојде.

Маршот заврши на истото место од каде што и почна, а граѓаните нагласија дека ќе бараат правда за своите најмили.Во писменото известување за маршот организаторите нагласија дека тој не е за лицата од обезбедувањето во дискотеката, а граѓаните кои не го прифаќаат тоа укажување не мора да се приклучуваат.

Инаку за трагедијата во кочанската дискотека осомничени се 33 лица, од кои 28 се во притвор, од нив седумина се полициски службеници, началници на СВР Штип и ОВР Кочани, како и градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов кој пред три недели си даде оставка а истрагата се уште е во тек.

Вчера, од последиците на повредите почина и официјалниот сопственик на фирмата која стопанисувала со Пулс, Александар Карадакоски кој стана 60-та жртва на пожарот, а обвинителството ја прекина истражната постапка против него.

Викторија Јованова


© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Наместо на споменик, почит за убиените кај Вејце се оддава пред табла со слики и имиња која се зема после церемонијата за да не биде уништена

Дејан Дејан

Пациентите со хемофилија во страв дека нема да ја продолжат терапијата

Дејан Дејан

Од ноќеска нови цени на бензините

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе