Вести Македонија Најважни

Претреси и распити за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани

Претреси во кафе барот „Класик“ во Кочани во сопственост на Дејан Јованов Деко, кој е газда и на дискотеката „Пулс“, како и во подрачната единица на Државниот пазарен инспекторат во градот, врши министерството за внатрешни работи (МВР) во врска со истрагата за пожарот во кој загинаа 59 лица, од кои шест деца, дознава Телма. На распит се повикани и неговата сопруга и ќерка.

Од обвинителството соопштија дека во текот на вчерашниот ден и денеска истражни тимови на Јавното обвинителство и МВР координирано преземаат дејствија за обезбедување на докази во истрагата во врска со трагичниот пожар во Кочани.

„Извршени се претреси на пет локации во Кочани и во Скопје, при што се одземени дополнителни електронски уреди и други докази за кои се издадени наредби за вештачење. Извршени се и распити на лица кои би можеле да имаат определени сознанија. Во текот на денот, Јавното обвинителство ќе издаде наредба и до Управата за финансиска полиција за преземање на определени дејствија поврзани со материјалното работење на повеќе правни субјекти, осомничените и други лица“, соопштуваат од ЈОРСМ.

Кафе барот „Класик“ беше демолиран за време на протестите, ден по пожарот во Кочани. Инаку кафе барот го носи истото име како и фирмата „Класик ДМ“, која долги години ја менаџираше дискотеката „Пулс“. И првата лиценца во 2021 година за вршење на угостителска дејност е издадена на име на „Класик ДМ“. Но, фирмата лани отиде во стечај поради долгови. Во меѓувреме на име на фирмата „ММММ Кафе“ е извадена втората лиценца за работа во 2023 година. Нејзин сопственик е Александар Карадакоски, кој всушност работел како шанкер во „Пулс“, а всушност вистински газда е Деко.

Во рамки на истрагата за пожарот на 16 март досега се осомничени 34 физички и три правни лица. За сите беше определен притвор, освен за тројца кои се во болница. Меѓу нив е и шанкерот Александар Карадакоски.

Марија Митевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

За Жерновски цела ВМРО-ДПМНЕ живее во розов свет, Лефков дециден дека со закочени автопатишта нема економски раст

Дејан Дејан

Лефков: Ние веруваме во нашите партнери во ЕУ, не веруваме во интересите на Бугарија

Дејан Дејан

Според Жерновски целата ситуација со Извештајот е аматерска и непотребна

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе