Вести Култура

Македонската филхармонија ја одржа премиерата на суитата „ Итар Пејо “

Спој на класична музика и раскажување приказни со драмска игра. Вака денеска пред најмладата публика на Македонската филхармонија беше изведена светската премиера на симфониската суита „ Итар Пејо“, од нашиот композитор Филип Иванов. На концертот, со оркестарот на нашата Филхармонија диригираше маестра Бисера Чадловска. Кога се работи за музика за деца, најважни се ефектите што таа ќе ги постигне кај нив, вели Чадловска.

  • „Значи, многу да се изразат тие динамички елементи, најмногу ударните инструменти да се слушнат. Можеби диригентот по свое да додаде некои елементи во партитурата, кои што композиторот можеби не ги напишал“ изјави Бисера Чадловска- диригент.

Изведбата на симфониската суита „ Итар Пејо“, беше конципирана како колаж од музички фрагменти и приказни за итриот и снаодлив селанец од Мариово, кој го претставува македонскиот непокор и шегобијна мудрост. Неговите доживувања со даночниците, владетелите и селаните, со порака за прифаќање на разликите и потреба од заедништво, пред учениците од неколку скопски училишта ги долови , во улога на наратор, актерот Мартин Јорданоски.

„Едноставно , поприемчиво да ги добијат , да ги примаат кај нив како информација“ изјави Мартин Јорданоски- актер.

Композицијата е поделена на седум делови , со поднаслови кои укажуваат на течението на нарацијата. Таа на крајот беше поздравена со голем аплауз од учениците.

Симфониската суита „ Итар Пејо“ е прво дело од македонски композитор, кое е наменето за деца и млади, а кое обработува лик од нашата фолклорна традиција. Оваа композиција беше една од наградените, на минатогодишниот конкурс што го распиша Македонската филхармонија, за откуп и афирмација на дела од домашни автори, наменети за симфониски оркестар.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЕСМ на тронот по загуби, МЕПСО зголемува плати и вработува

Дејан Дејан

Телма со детали за убиството во Штип кое личи на сцена од гангстерскиот филм „Кум“- пресметка на двајца турски државјани во кафуле, полициска потера и организирано бегство со две коли

Дејан Дејан

Возачот Васил Јованов призна вина за несреќата во која ја прегази Фросина Кулакова на пешачки премин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе