Вести Култура

„Светот што го избрав“ од Калина Малеска добитник на наградата „Роман на годината“

Романот „Светот што го избрав“ од Калина Малеска во издание на „Или Или“ е добитник на наградата „Роман на годината“ која ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јанесвски“. Делото на Малеска  е роман што освестува, охрабрува и дава надеж за еден подобар свет што секој сам мора да го избере, стои во образложението на жири- комисијата. Наградата „Роман на годината“ се состои од плакета, оригинална статуетка и паричен износ од 150.000 денари.

Безвременски роман што ќе може да се чита и препрочитува во сите времиња и простори. Кус, концизен и маестрално напишан, и толку потребна книжевна согледба за ранливоста и моќта на човековата микрокосмичка положба во макрокосмосот на системот, стои во образложението на жири комисијата за наградата во состав Лидија Димковска, Маја Бојаџиевска, Ѓоко Здравески, Андреј ал-Асади и Катерина Богоева .

„Светот што го избрав“ е храбро сведоштво на женскиот лик кој поминува низ сопствените, но и низ преобразбите на светот што го избираме дури откако сам ни се наметнал избор што не само што не го оправдал туку со него ни нанел штета и тага. Личната приказна за Леона, која како средовечна жена ги напушта соругот, домот, дотогашниот живот и статус, и почнува од нула во подрумска соба среде Скопје, истовремено се преплетува со општествено критичката приказна за образовните реформи во чија комисија хонорарно соработува и Леона“ изјави Лидија Димкоска, претседателка на жири комисијата.

„Чест ми е исто така што многу прашања што ги сметам за важни, како што се образованието, односот кон Другоста, кон различностите, општествените стигми, идентитетот, принудните релокации, еманципацијата и многу други теми кои што ми беа важни. Теми за кои многу размислував да ги вообличам во еден книжевен текст, тоа е овој роман беа препознаени  и од страна на членовите на жирито и од страна на читателите“ изјави Калина Малеска, добитничка на наградата „Роман на годината“.

Наградата „Роман на годината“ се доделува по 26 пат. Годинава на конкурсот се пријавија 43 романи. Во финалето за наградата влегоа и романите : „Простување“ од Кица Колбе во издание на „Или-или“ и „И ѕирка и проѕирка од Огнена Никуљски во издание на„ Антолог“ .

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе