Вести Култура

Вработените во Македонската филхармонија бараат компетентен кадар за нов директор

Вработените во Македонската филхармонија стравуваат дека на конкурсот за избор на нов директор, што трае до понеделник, ќе биде избран кадар од ВЛЕН, кој не е компетентен за функцијата. Затоа испратиле отвореното писмо до премиерот Мицкоски и до министерот за култура и туризам , Љутков. Во писмото велат дека сакале однапред да укажат, за да не се повтори погубната практика на кадровски грешки од минатото. Нивната реакција е поврзана со изјава од интервју во јуни за Телевизијата 24,  на денес првиот вицепремиер и министер за животна средина , Меџити. Во неа тој вели дека при распределбата на функциите, ВЛЕН ја добил Македонската филхармонија и дека професорот по соло пеење во Средното музичко училиште, Мустафа Имери ќе биде прв Албанец што ќе раководи со институцијата.

  • Оваа скандалозна објава ја руши легитимноста на конкурсот кој се уште е во тек, бидејќи името на г-дин Имери сѐ уште фигурира низ кулоарите како сигурна и договорена опција за директорското место на нашата институција, велат од Македонската филхармонија во отвореното писмо.

Лицитацијата на функции без спроведување на законска процедура со јасно утврдени критериуми е навреда за вработените. Директор  се избира на конкурс, и треба да се избере кандидатот со најдобра програма, професионални квалификации и референци, сметаат од Македонската филхармонија. Ја потсетуваат власта дека во изборната програма за кадровскиот потенцијал на идната владина коалиција, била нагласена решителноста за справување со корупцијата и примената на т.н. мерит систем. Секој друг начин за избор е храброст или дрскост, а од тој избор ќе зависи насоката по која единствениот симфониски оркестар во земјава, кој опстојува 8 децении, ќе се движи во иднина, стои во писмото.

Тие покренаа и петиција, потпишана од 100 од вкупно 120 вработени во институцијата.

Од Министерството за култура кусо одговараат дека додека трае конкурсот не можат ништо да коментираат.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има – ова беа дел од пораките на маршот во Кочани

Дејан Дејан

Индија го обвини Пакистан за прекршување на договорот за примирје

Дејан Дејан

Песков: Русија ќе го разгледа предлогот за триесетдневен прекин на огнот во Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе