Вести Економија Македонија

Да се корегираат јануарските сметки за струја за да не „прескокнуваат“ во поскапите блокови, бараат регулаторите од ЕВН Хоум

ЕВН Хоум да ги корегира јануарските сметки за електрична енергија и да направи соодветна распределба по блокови согласно историјатот на просечната потрошувачка на домаќинството во последните три пресметковни периоди, апелираат од Регулаторната комисија за енергетика откако дел од граѓаните се пожалија дека добиле многу повисоки фактури за наплата од вообичаените.

Тоа значи дека пресметките треба да бидат прецизни за да не предизвикуваат преминување на количината на енергија во повисоки блокови за кои и цената на струјата е поскапа.

Од Регулаторна ги повикуваат потрошувачите кои се незадоволни од пресметката да поднесат приговор до ЕВН Хоум, а доколку не се задоволни од одговорот на компанијата имаат право да се жалат и до Регулаторната комисија.

Регулаторната комисија за енергетика ги повикува и политичките партии да не ги политизираат одлуките на РКЕ кое е независно тело.

Целосниот одговор од РКЕ во продолжение:

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) ја информира јавноста дека (согласно Тарифниот систем за продажба на електрична енергија на потрошувачите кои ги снабдува универзалниот снабдувач и снабдувач во краен случај, член 10 став 8 ), сите домаќинства кои добиле сметки за електрична енергија и имаат за прв пат фактурирана потрошувачка во четврт блок, ЕВН Хоме е должен да ги корегира сметките за електрична енергија и да направи соодветна распределба по блокови согласно историјатот на просечната потрошувачка на домаќинството во последните 3 пресметковни периоди

Потрошувачите кои се незадоволни од пресметката на потрошената енергија и износот на сметката, (согласно член 37 од Законот за енергетика*, Правилата за снабдување со електрична енергија и Правилата за постапување на приговори и разрешување на спорови, потрошувачите за секоја фактура) имаат право да вложат приговор до универзалниот снабдувач ЕВН ХОМЕ.

Доколку потрошувачот не е задоволен од добиениот одговор или не добијат одговор во законски предвидениот рок (од 8 дена), имаат право да поднесат приговор до РКЕ како второстепен орган. За приговорот до РКЕ нема пропишано посебна форма/формулар и кон истиот треба да приложат: копија од вложениот приговор до ЕВН ХОМЕ, одговорот од ЕВН ХОМЕ и копија од сметката по која приговараат.

Приговорот може да се достави во архивата на РКЕ или електронски по е-маил на [email protected] и [email protected] .

Против решенијата на РКЕ незадоволната странка може да поведе Управен спор.

Од 1 јануари 2025 година цената на струјата за просечна потрошувачка во сите четири блокови е зголемена за помалку од еден процент (0,92 %). Конкретно во прв блок цената е зголемена за 0,68%, додека во втор блок цената е зголемена за 0,90 %

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад ги повикува политичките партии да не ги политизираат одлуките на РКЕ кое е независно тело.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Шести марш на ангелите во Кочани за помош на смесјтвата на жртвите и повредените во пожарот во Пулс

Дејан Дејан

Струмичките екологисти децидни бараат одземање на концесиите и затворање на идејата за рудник кај Иловица и Штука

Дејан Дејан

„Крени глас“ од Школка испрати силни пораки за подигнување на свеста за булингот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе