Вести Култура

Како да сме ја освоиле „Лигата на шампиони“ , вели Георги Унковски за наградите од „ Санденс“ за филмот „ Диџеј Ахмет“

Прв долгометражен филм и веднаш голем успех. Дебитантскиот игран филм на режисерот и сценарист, Георги Унковски „ Диџеј Ахмет“, на годинашното издание на Интернационалниот фестивал за независен филм „ Санденс“, освои две награди: Од публиката, во програмата Светски филм и Специјална награда од жирито за креативна визија. Чувството е како да сме ја освоиле „ Лигата на шампиони “. Успеавме да покажеме дека можеме да се носиме рамо до рамо со најдобрите во светот и дека имаме нова генерација на филмаџии за кои допрва ќе се слуша. Ова е пораката што ја доби Телма од режисерот Георги Унковски, кого со екипата го најдовме во Франкфурт, на враќање од фестивалот во САД кон Македонија.

  • „Чувството е како да сме ја освоиле „ Лигата на шампиони“. Иако сме преморени и едвај чекаме да си дојдеме дома, мислам дека допрва ќе слушаме за „ Диџеј Ахмет“. Ова е само почеток на приказната за овој филм, кој што ќе има долг и меѓународен живот. Успеавме да покажеме дека можеме да се носиме рамо до рамо со најдобрите во светот и дека имаме една нова генерација на филмаџии, за кои допрва ќе се слуша“ изјави Георги Унковски-режисер на наградениот филм „Диџеј Ахмет“.

Филмот го следи созревањето на 15- годишниот Ахмет, кој останува без мајка и се судира со традиционалните вредности на неговата јуручка заедница, но тука е и неговата прва љубов, за која се бори зашто е ветена на друг. Жанровски, „ Диџеј Ахмет“, е спој на драма и комедија, а во него се зборува на македонски и турски јазик. Се снимаше во радовишките села Коџалија и Али Коч и во Скопје. Главните улоги им се доверени на Ариф Јакуп, Дора Акан, Наим Агушев и Аксел Мехмед. На сценографијата работеа Дејан Ѓошевски и Александра Чевреска, костимограф е Роза Трајческа- Ристовска, шминката и маската се на Душица Вуксановиќ, а монтажата е на Михал Раих. Работен е како копродукција меѓу Македонија, Чешка и Србија, а продуценти се Иван Унковски и Ивана Шекуткоска. Режисерот се надева дека успехот на филмот на „ Санденс“, ќе инспирира посериозна поддршка за младите филмски автори во земјава.

  • „Се надеваме дека со овој успех ќе инспирираме во Македонија, посериозно и поактивно да се поддржуваат младите автори и филмот како уметност да ја добие поддршката што ја заслужува“ изјави  Георги Унковски- режисер на наградениот филм „ Диџеј Ахмет“.

По светската премиера на „ Санденс“ , „ Холивуд рипортер“ го опиша „ Диџеј Ахмет“ како инспиративна приказна за созревањето, а „ Скринанархи“ го пофали како солидно деби на Георги Унковски. Неговиот краток филм „ Налепница“ во 2020 година исто така беше прикажан на „Санденс“.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина застреланиот странец во Штип, убиецот пробил полициска блокада на патарина, но е уапсен

Дејан Дејан

Променливо облачно со сонце и нестабилно – Временска прогноза за 10.5.2025

Дејан Дејан

Извршен увид по пукање со огнено оружје во Штип

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе