Вести Економија Македонија Најважни

Едни производи поевтинија, други поскапеа и за 25 отсто – евтини трикови на трговците, власта најави поригорозни мерки

Пред извесно време им веруваа на зборот, а сега ги предупредуваат со поригорозни мерки. За само неколку дена, власта ја изгуби довербата во трговците. Откако минатата недела прошетаа по маркетите и излегоа задоволни, сега властите со апели и со предупредување да се вразумат трговците. Оние кои им дадоа збор дека ќе се спроведе успешна кошничка, едни од производите ги поевтинија, но на други кои секојдневно се користат им ги качија цените. Па, така сега министерот Дурмиши упати закани и до трговците, до производителите и дистрибутерите.

„Да покажат општествена одговорност, додека трае оваа мерка. Ако не овие денови ќе донесеме поригорозни мерки“, порача Бесар  Дурмиши, министер за економија и труд.

Пресметките покажале дека кај некои производи поскапувањето е и до 25 отсто. Премиерот Мицкоски тврди освен замрзнување на маржи и цени има и други механизми, но не откри кој.

„Има и други мерки ќе бидат граѓаните сведоци и јавноста во периодот што следи“, истакна Мицкоски. 

Од опозициската СДСМ излегоа со обвинување дека власта е таа која остави простор да се качат цените, додека сите алармирале.

На почетокот на месецов, пред да стартува новогодишната кошничка, министерот Дурмиши и премиерот Мицкоски на прес-конференција ја објавија со доверба дека она што им е ветено нема да се изигра. Но, пред да стапи на сила почна и бранот поскапување. Скокнаа цените на млекото, маслото, шеќерот, солта, лебот. Но, надлежните дури сега на 10 дена како е во игра кошничката го увидоа тоа. Претходно само соопштуваа бројка на производи кои стануваат дел од оваа кошничката.

Дека значително се зголемија цените тоа го покажа и статистиката, која во ноември измери инфлација од 4, 3 отсто во однос на истиот месец лани.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Градоначалникот на Чучер Сандево за Телма тврди: состојбата со пожарот во општината е алармантна

Дејан Дејан

Топ Тема: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ разменуваат обвинувања за политиканство и негрижа за настраданите во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе