Uncategorized Вести Македонија Топ вести

Политичкото влијание врз судството е присутно и крајно време е да престане, бараат експертите

Премиерот најавуваше робусна акција во правосудството,  повеќе пати најавува истраги за криминал и корупција, открива кога би се расчистил случај кој е во истрага. Правните експерти прашуваат од каде има премиерот вакви информации, но предупредуваат и декатоа не е во интерес на владеењето на правото и демократијата.

Полицијата завчера одзема два записника од Судскиот совет поради сомнеж за фалсификаување.  А токму премиерот беше тој што прв говореше за ова од Собранието. Екс-претседатлеката на Судски Весна Дамева во оставката го повика Мицкоски да достави докази до Обвинителството или да се извини.

После заканите од функционерите од власта за кривична одговорност, раа рече дека нема даа ја изненади ако не запрат тука и дека нема да имам мир.  Десетина дена подоцна МВР го презема првиот чекор и побарале наредба од обвинителството за да ги земат записниците од Судски. Додека полицијата ги анализира записниците,  прв кој објаснуваше што барала полицијата таму и какви сомнежи имала беше повторно премиерот.

Елена Ивановска Мукоска

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЛДП: Додека се купуваат комбиња, поштенските објекти пропаѓаат

Tea Dimkovska

Меѓународната агенција за атомска енергија на вонредна седница по нападот врз нуклеарната централа барака во Обединетите Арапски Емирати

Tea Dimkovska

„Мислев дека ќе го изгубиме“: Први снимки откако во пожар гореше најголемиот носач на авиони

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе