Вести Македонија

(Фото) Големи снежни врнежи го „отцепија“ Никифорово – патот е блокиран, а жителите немаат струја

Големи снежни врнежи го изолираа мавровското село Никифорово, а според информациите од терен кои со Телма ги споделија очевидци, во моментов нема како да се пристапи до нив бидејќи патот е блокиран, а жителите се заглавени и немаат струја.

Според информациите во регионот наврнале над 80 сантиметри снег.

Поради обилниот снег не функционираат ни Општина Маврово ниту Општина Ростуше.

Мавровското село Леуново е парализирано поради снегот, коj вчера и денес врнеше на повисоките места низ државата.

Иако од Јавното претпријатие „Македонија пат“ информираа дека сите патишта се проодни, сепак гостите на Хотелот „Радика“ во Леуново се заглавени.

 

Според последното соопштение на УХМР, пак, најмногу снег има во Маврови Анови – 68 сантиметри, 51 см на Попова Шапка, 25 во Лазарополе и 5 см во Берово.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп се закани со 50% царини за ЕУ и 25% за производите на Епл

Дејан Дејан

Куќен притвор за двајцата поранешни директори на Онкологија, Нино Васев и Нехад Нухи

Дејан Дејан

Работиме на механизми за деблокада на евроинтеграциите – Калас по средбата со Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе