Вести Култура

Едночинката „Ѓоре Магаревски“ осум децении подоцна – битолскиот народен театар утре одбележува 80 години од своето постоење

Битолскиот народен театар утре одбележува 80 години од своето постоење. На 14 ноември 1944 година, само 10 дена по ослободувањето на Битола, е одиграна едночинката „Ѓоре Магаревски“ од Владо Малески, првата претстава на македонски јазик во слободна Македонија.

Оваа политички ангажирана претстава која се занимава со теми кои сè уште се актуелни – идентитетот, предавствата и лицемерието, утревечер повторно ќе биде поставена на сцената на битолскиот театар со наслов „Ѓоре Магаревски 80 години потоа“, во режија на тројца режисери, Софија Ристевска, Јовица Ристевски и Благој Мицевски, секој со свое видување на едночинката.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во сообраќајна несреќа загина фудбалерот на Ливерпул Диого Жота

Дејан Дејан

Претседателот на Врховниот суд Фидани вети дека ќе ја врати довербата во судството

Дејан Дејан

Очекувајте темератури над 40 степени, ИЈЗ со препораки за заштита на повозрасните

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе