Вести Култура Топ вести

Врачена наградата 23 Октомври на поетот Славе Ѓорѓо Димоски

На пригодна свеченост во Собранието, денеска беше врачена наградата „ 23 Октомври“. За долгогодишен придонес во областа на културата и уметноста, наградата му припадна на поетот, есеист и преведувач Славе Ѓорѓо Димоски, кој за 45 години творештво објави 18 збирки песни, книги за деца, есеи и повеќе препеви. Цитирајќи критика за поезијата на Димоски, од Одборот за доделување на наградата рекоа дека овој поет е најмакедонски во јазикот, а лауреатот во обраќањето истакна дека јазикот е идентитетот и душата на еден народ и ако замолчи поетот, ќе замолчи и душата на јазикот.

  • Димоски оваа година одбележува 2 јубилеа- 65 години од раѓањето и 45 години творештво. А, неговата поезија во 2024 година стана полнолетна. Имено, оваа година Димоски ја издаде својата 18 збирка поезија . И како што еден критичар има напишано по повод неговите песни, Димоски е најмакедонски во јазикот, во кристализацијата на јазикот, во древноста, во митот, кажа Роберт Јанкулоски, член на Одборот за доделување на наградата „ 23 Октомври“.
  • Поетскиот јазик не е конкурентен на денешниот потрошувачки свет. Бидејќи тој доаѓа од сакралните проблесоци на исконското постоење на јазикот и цврсто се држи на стожерот на опстојувањето. Јазичната политика е во темелот на националната политика. Најзначаен елемент на културната политика е дека македонскиот идентитет е втемелен во македонскиот јазик и Кирилицата. Јазикот и писмото се еден од идентитетските столбови на самите нас. Ако поетот замолчи , ќе замолчи и душата на јазикот. А, душата на нацијата е и јазикот, рече Славе Ѓорѓо Димоски, лауреат на наградата „ 23 Октомври“.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

45-ти Марш на ангелите во Кочани – Правдата да не остане без крај а вистината да не остане без глас

Дејан Дејан

Уапсен 43-годишен жител на Шишево – пукал со огнено оружје кон соселанец и го погодил во увото

Дејан Дејан

Општина тетово и даде помош од 18.000 евра на ИВЗ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе