Вести Култура Топ вести

Маестро Шаровски: Македонската филхармонија е дијамант

Македонската филхармонија е дијамант, вели шеф- диригентот на нашиот најстар музички колектив, Јерухам Шаровски од Израел, пред концертот во четврток, на кој ќе диригира, а со кој што Филхармонијата ја отвора сезоната 2024/25, насловена „ Одисеја“, во која прославува 80 години постоење. Шаровски и даде комплимент на Македонската филхармонија, базиран на долгогодишното искуство од соработката со оркестарот, започната пред 21 година.

  • Можам да ви кажам дека се многу посебна група, не само професионално, туку и како луѓе. Секогаш се чувствувам многу среќен, кога имам можност да се сретнам со нив, повторно . Кога ќе почнат да свират , тоа е како дијамант. И малку да се полира станува светол. Имаат многу посебен звук , многу специјална енергија и голема страст за тоа што го прават, кажа Јерухам Шаровски, шеф – диригент на Македонската филхармонија.

Концертот ќе започне пригодно, со светска премиера на „ Јубилејната фантазија“ од нашиот композитор Борис Светиев. Ќе биде изведена симфонијата „ Манфред“ од Чајковски , но и „ Шест едноставни песни“ и „Песната на Мариета“, од операта „ Мртвиот град“, на Корнголд. Како солист ќе настапи нашата оперска певица, со светско реноме , сопранот Ана Дурловски.

  • Најубавиот момент , фатен во музиката на смртна разделба, е една од композициите која што ќе се изведе. И навистина, можеби е моето најомилено парче во оперската литература, рече Ана Дурловски, првенка на Македонската Опера.

Фокусот во јубилејната концертна сезона е на премиерни изведби на дела од домашни композитори, но и на настапи на солисти и диригенти од Македонија и од странство. На 28 ноември, ќе настапи и нашиот пијанист Симон Трпчески.

  • Внимателно беше правена програмата , за да бидат застапени сите инструменти, баланс меѓу пијанисти, гудачи, соло пејачи и т.н, кажа Александар Котевски, в.д. директор на Македонската филхармонија.

Програмата вклучува и работилници за најмладите , па Котевски очекува интерес кај пошироката публика за сите содржини во јубилејната сезона.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Градоначалникот на Чучер Сандево за Телма тврди: состојбата со пожарот во општината е алармантна

Дејан Дејан

Топ Тема: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ разменуваат обвинувања за политиканство и негрижа за настраданите во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе