Вести Македонија Топ вести

Пронајдена бактерија во колачиња во ОУ „Ѓорѓија Пулевски“ – кујната е се уште затворена, децата појадуваат дома

Присуство на токсини од бактеријата стафилокока е причината поради која 140 ученици од основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ од Општина Аеродром во петокот се пожалија на стомачни болки. Земените примероци од бомбиците укажуваат присуство на бактерија, а на еден од садовите пронајдената бактерија укажува на нехигиенски услови при работа. Брисовите на вработените се негативни.

„Од мострите храна, од испитуваниот примерок – бомбици, најдено е стафилококус ауреус и ентеротоксин позитивен, од сите брисови што се земени од површините и од садовите, само на еден сад било најдено зголемен број аеробни меозфилни бактерии што укажуваат на нехигиенски услови. Брисовите од раце на сите вработени ги задоволуваат хигиенските стандарди. Брисовите од грло и нос на вработените се негативни“, изјави Марија Андоновска, директорка на Институтот за јавно здравје.

Од 360 ученици од прво до трето одделение кои се во целодневна настава и се хранат од таа кујна  140 пројавиле симптоми, уште во утринските часови. Директорот и наставниците веднаш ги известиле родителите, дел од децата си заминале дома бидејќи не можеле долго време да останат без топол оброк. Екипите на ИЈЗ зеле примероци од кујната и оттогаш таа остана затворена, веќе не се служи топол оброк таму.

Деновиве децата од прво до трето одделение почнуваат со настава половина час подоцна, се со цел да имаат време да појадуваат дома. Директорот на училиштето вели дека тие засега се во неизвеснот. По добивање на официјалните извештаи ќе постапат според законите во координација со надлежните институции.

Тамара Марковска

ИЈЗ: Бактерија во бомбиците причина за труењето на 140 деца во ОУ „Ѓорѓија Пулевски“ во Скопје

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сиљановска-Давкова: Имаме должност да го чуваме, развиваме и промовираме македонскиот јазик

Дејан Дејан

(Видео) Доекипирање на Инспекторатот, примена на законот – 80 години од кодификација на македонскиот јазик

Дејан Дејан

(Фото) Трамп објави своја фотографија како Папа, американски бискуп бара извинување

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе