Вести Култура Македонија

Со нетрпение ја чекаме понудата за културна програма за Скопје и Европска престолнина на културата во 2028-ма, пораки од министерскиот состанок

Македонија е домаќин на дводневниот министерски  состанок за Агендата на ЕУ за Западен Балкан за иновации, истражување, образование, култура, млади и спорт. Агендата го става регионот во добра насока за подлабока соработка со ЕУ и Министерскиот состанок ќе се фокусира на заедничките напори за нејзино спроведување, соопштија од Делегацијата на Европската Унија.

Состанокот е од работен карактер и истиот го отвори Илиана Иванова, еврокомесар за иновации, истражување, култура, образование и млади. Нови Сад веќе претстави одлична културна програма од 2022 година и со нетрпение чекам да видам што ќе понуди Скопје во 2028 година, рече Иванова.

-Задоволство ми е да забележам дека планот за раст за Западниот Балкан кој има потенцијал да ги удвои вашите стопанства во следната деценија веќе дава опипливи резултати. Гледам обновен моментум на процесот на проширување и ги охрабрувам сите од  вашите земји да ги имплементираат сите критериуми од вашата Преговарачка рамка за дa го извлечете најдоброто од овој моментум, рече Илиана Иванова, еврокомесар за иновации, истражување, култура, образование и млади.

-Истражувањето и иновациите треба да бидат центарот на стратешките залагања на Европската Унија, покрај залагањата за да ја зголемиме конкурентноста на ЕУ сметам дека ние тоа ќе го ставиме наредната година во центарот на нашата Агенда во текот на нашето претседателство, наведе Балаш Ханко , министер за култура и иновации од унгарското претседателство со Советот на ЕУ.

-Искуствата покажуваат дека ваквите собири организирани под покровителство на ЕУ се секогаш одлична можност за надградба на постојните и креирање нови политики кои треба да ги надминат предизвиците што се наш заеднички именител . Верувам како репрезенти на националните влади сите ние имаме што да споделиме и веруваме во подигнување на проактивноста на регионот во заложбите за образовен, научно-истражувачки и и културолошки  развој на светот се е во наши раце и од нас зависи, изјави Весна Јаневска, министерка за образование и наука

-Особено ми претставува чест што токму во Скопје, пред неполни четири месеци, културата за првпат стана дел од Управувачката платформа. Како претставници на културниот сектор, веруваме дека овој механизам ќе овозможи поефикасна соработка со Европската комисија на оперативно ниво во рамките на спроведувањето на заедничката регионална, но и европска агенда, рече Зоран Љутков, министер за култура и туризам.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мотоциклистот кој смртно го прегази пешакот Николовски однесен во Шутка – судот му определи затворски наместо домашен притвор

Дејан Дејан

Се е поскапено, инфлацијата повторно скокна, мерки засега во најава

Дејан Дејан

Ќе расправа ли Собранието за интерпелација на претседателот на Уставен – „виси“ точката на Дневен ред

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе