Вести Култура Топ вести

МНТ вечерва ја отвора летната сцена со изведба на „ Црнила ремикс“

Македонскиот народен театар вечерва ќе ја отвори летната сцена, што ќе го носи името на прерано починатиот актер на оваа театарска куќа, Славиша Кајевски. Отворањето ќе биде со изведба на музичко – драмската претстава „ Црнила ремикс“, во продукција на Младинскиот културен центар. Летната сцена ќе работи до 01. октомври, а на програмата се претстави од МНТ и од други театри, но и музички и настапи на диџеи. Во случај на невреме, содржините нема да се откажуваат туку ќе се изведуваат во театарот. Сѐ уште има слободни билети за настаните на летната сцена. Граѓаните можат да ги купат онлајн од веб страницата на театарот или од билетарницата, велат од службата за Односи со јавност .

  • Во тек се последните подготовки за вечерашното свечено отворање на летната сцена „ Славиша Кајевски“. Предвидено е да се одигра драмското дело „ Црнила ремикс“, во режија на Јордан Симонов. До крајот на месецот ќе има уште 11 други настапи, меѓу кои дел се од најпопуларните претстави од репертоарот на МНТ, како „ Кец на десетка“, „ Не се клади на Енглези“, „ Мој термин“. Натаму, ќе има настапи на познати македонски музички имиња , како и групи. Настап на Националниот џез оркестар со „ Битлси трибјут“ и настап на ФДУ, со претставата „ Сакатиот од Инишмор“. Во случај на невреме секако дека има план Б, втора опција. А, тоа е сите изведби да се одржат на големата сцена на МНТ, вели Симона Александрова- Односи со јавност за летната сцена на МНТ.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Дејан Дејан

Нетанјаху замина да разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Полска воведува гранични контроли со Германија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе