Македонија Топ вести

Директорката на кумановската болница позитивна на Ковид-19

Нови жртви во црните ковид статистики. Битката со корна-вирусот ја загуби 34-годишниот штипјанец, кој по силните апели на социјалните мрежи успеа да дојде до терапија со крвна плазма, но залудно. По неколку дена на респиратот, синоќа за загубил битката. Во поразителите статистики влегоа и двајца пацинети со Ковид, хопитализирани во градската болница 8-ми септември.  Починал 63-годишен пацинет со рак на белите дробови, а тешката пневмонија не ја преживеал и една година повозрасен стружанец. Тој имал проблеми со бубрезите, но корона-вирусот му ја влошил состојбата. Во меѓувреме во 8-ми септември оздравени се десетмина, а  хоспитализрани нови 18 пацинети со тешка пневмонија.

Во градската боилница во моментот битката со Ковид ја водат вкупно 130 пациенти. 13 од нив се приклучени на респиратор. Корона-вирусот не го поштеди ниту здратвениот персонал во болницата. Во моментот позитивни на Ковид се 20-тина лекари, медициснки сетри и болничари, а утринава позитивен тест на Ковид добила и директроката на кумановсата болница, Снежана Захариева. Информацијата ја потврди лично таа, преку својот фесјбук профил.

Без маска, само дома, 5 месеци работа-дома, но имунитетот попушти. Хроничниот стрес и премореноста си го направија своето. Чувајте се. Инаку, тестот го направив вчера напладне. Благодарност до МАНУ за брзиот резултат, рече директорката Захариева.

Пред само еден месец, односно на 1-ви јуни во државата имало 606 активни случаи на Ковид-19 и 140 мртви. Сега бројот на починати е 321, или повеќе од двојно ако се спореди со вкупниот број згаснати животи од почетокот на пандемијата. Драматичен е порастот и на активни случаи во државата. Битката со Ковид-19 во моментот ја водат 3.556 луѓе, а на 1-ви јуни активни биле само 606. Тоа значи дека за само еден месец бројот е зголемен за дури шест пати. Само во Скопје, изминатиот месец се регистрирани 2.257 новозаразени, а починале 83-ца.

И податоците на Европскиот центар за превенција и контрола на болести, за изминатите две недели, покажуваат за два отсто зголемување на стапката на зараза со Ковид-19 во Макеоднија и стапка од 5 проценти смртност на 1 милион жители. Процентите се драматично повисоки во Босна и Херцеговина и Црна Гора, каде бројот на новозараазни сконал за над 100 проценти. Но, таму високите стапки се заради првичните ниски бројки на заразени. Македонија е меѓу земјите со највисока стапка на смртност, 5 на еден милион жители. Здратвените власти до Европскиот центар пријавиле најголем број смртни случаи на 29 јуни. Повисоки стапки имаат Албанија и Косово. Албанија седум, а Косово осум на еден милион жители.

Весна Јовановска Дојчиновска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Наместо на споменик, почит за убиените кај Вејце се оддава пред табла со слики и имиња која се зема после церемонијата за да не биде уништена

Дејан Дејан

Пациентите со хемофилија во страв дека нема да ја продолжат терапијата

Дејан Дејан

Скалестите маржи истекуваат во среда, ако цените скокнат маржите ќе се вратат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе