Свет Топ вести

И Австралија планира да им понуди засолниште на граѓаните на Хонг Конг

Премиерот на Австралија, Скот Морисон изјави дека Владата размислува да им понуди засолниште на жителите на Хонг Конг, откако Кина го усвои Законот за национална безбедност за полуавтономната територија.

Тој најави дека австралиската Влада набрзо ќе разгледа „слични опциите на тие што британскиот премиер им ги понуди на граѓаните на Хонг Конг“.

Борис Џонсон најави дека Велика Британија ќе ги смени постоечките имиграциски правила за граѓание на Хонг Конг, со цел на трите милиони жители на Хонг Конг да им се олесни патот за добивање на британско државјанство.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Кина, Џао Лиџиан го предупреди Лондон дека ќе сноси последици „ако на граѓаните на Хонг Конг им понуди да исчезнат во Велика Британија“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Папа Франциск – човекот на промените во Католичката црква

Дејан Дејан

Вчера верба, денеска сомнеж – Трамп скептичен дека Путин сака крај на војната

Дејан Дејан

Живот во Припјат ќе биде можен по 3.000 години – 39 години од нуклеарната катастрофа во Чернобил

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе