Вести Македонија Топ вести

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

По прегласувањето  во петтата изборна единица в среда, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и иден мандатар, Христијан Мицкоски,  очекува да обезбеди 62 пратеника во македонското Собрание.

ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните избори освои 58 пратенички места, а минатата недела Мицкоски рече се поизвесно е дека на мнозинството ќе му се приклучат уште неколку пратеници кои не се дел од коалицијата „Твоја Македонија“, со што веќе обезбедиле 61 пратеник, но не откри имиња.

Сега вели, следна цел е да се обезбеди двотретинско мнозинство во Парламентот.

На 22-ми мај ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму и веќе на следното мое обраќање со вас со народот на  Македонија да не кажувам за 61, туку да зборувам веќе за 62 пратеника. Следната цел  е две третини во Парламентот.  Мислам дека  кон крајот на следната недела ќе можеме и тоа да го оствариме, рече  Мицкоски.

Мицкоски рече дека идната Влада ќе води принципиелна меѓународна политика, без понижување и без избрзани чекори, кои, како што вели, можат многу да ја чинат државата.

Што се однесува до меѓународната политика нема никогаш да не видите како коленичиме, како се вовлекуваме или како се понижуваме самите себе. Имав можност изминативе години да среќавам светски авторитети од Вашингтон преку Брисел и Берлин и останатите светски важни главни градови. Ништо повеќе за мене не е инспиративно отколку овој преубав македонски народ и ова преубава наша македонска држава, така што ќе имаме и кон нив една политика која што ќе се темели на аргументи рече Мицкоски.

Мицкоски отфрла беспотребно иритирање на соседите и додава дека сепак треба да се почитува елементарното човеково право кое е загарантирано.

Емилија Мисирлиевска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп ветуваше свет без војни, а сега вели не гарантирал дека ќе ги нема

Kristina Kuzmanovski

Партијата на Курти освои најмногу гласови на избoрите во Косово

Kristina Kuzmanovski

Истрага за обид за убиство во Шишево

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе