Uncategorized

Кандидатите на двете најголеми партии во својата кампања само докажуваат дека ќе им бидат продолжена рака, смета Јакимовски

Кандидатите на двете најголеми политички партии во својата кампања само докажуваат дека ќе им бидат продолжена рака во текот на својот мандат, обвини претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски запрашан зошто единствено тој не го потпиша Кодексот за фер и демократски избори на ДИК.

Тие да земат 1.650.000 евра за реклами за оваа изборна кампања, а ние да земеме по 120.000, односно 100.000 евра за колегата Максим Димитриевски за првиот круг. Тоа се фер и демократски избори? А внатре се зборува за недискриминација. И уште треба да бираме зборови со кои што ќе се обраќаме, а тие на свое конто да имаат 1.650.000 евра? Јас како прво не би учествувал на такви нефер избори, и не можам да му се изначудам на претседателот на државата. Значи да бидеш претседател на државата 5 години, можете да замислите со какви сѐ информации тој располага во однос на сите нас. Тој на било кој дуел би требало да нѐ растури нас! Затоа што тој е 5 години, како што јас суверено владеам со материјата градоначалник на општина Карпош и локална самоуправа, така тој би требало суверено да владее со материјата претседател на Република Македонија. И сега на сето тоа, земаат огромни пари за своите реклами, за својот циркус што го прават низ Република Македонија, и уште одбегнуваат дебати. Па нели е тоа дегутантно? Нели е тоа смешно? Нели е тоа потценување на граѓаните на република Македонија? Само покажуваат дека и понатаму ќе бидат продолжена рака на партиите, рече Јакимовски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бајрами: Кога се најавува укинување на Бадентер и на балансер, се создава антидржавна политика

Дејан Дејан

Пендаровски повеќе се рекламирал на телевизија, Силјановска Давкова на радио

Сашо Чавдаров

Изборниот процес тече мирно – дел од граѓаните гласаат и за двата избори, а некои само за парламентарни

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе