Вести Македонија

Лаги и измами во предновогодишната онлаjн шопинг треска – едно нарачале, друго им испорачале

Како што се наближуваат празниците така се зголемуваа и онлајн продажбата – граѓаните пазарат на непроверени интернет страници, а голем дел од нив завршуваат измамени. Најчести поплаки се за онлајн трговците кои не се регистрирани како правни лица, па доколку некој од потрошувачите сака да го замени производот или да му бидат вратени парите настанува проблем. Продавачот е недостапен за потрошувачите. На социјалните мрежи граѓани сведочат за низа лоши искуства.

„Им нарачуваш еден модел ти праќаат друг и велат нема проблем може да се заменат за друг модел и друг број, а после ме блокираа и не одговараат на пораки“, пишува еден потрошувач.

„Преваранти невидени едно порачуваш, а друго пуштаат, не сакаат замена да направат, а нивна грешка е – катастрофа“, се жали на социјалните мрежи друг потрошувач.

Но, социјалните мрежи не се единственото место за измама. Граѓаните немаат доверба ниту во маркетите.

„Кога купувате производи на акција, секогаш проверувајте ја цената дали е точна“, стои во објава каде се гледа дека редовната цена е пониска од таа на акција.

За манипулациите во маркетите, Организацијата на потрошувачи има одврзани раце за реакција, но се`посериозен проблем стануваат онлајн-трговците.

„Често имаме јавувања од потрошувачи во делот на онлајн купувањето. За жал, тука не можеме многу да помогнеме затоа што купуваат од нелегални тровци на социјалните мрежи. Тие не се регистрирани во Македонија и затоа велиме да за онлајн купувањето, меѓутоа од регистрирани трговци“, вели Татјана Тасевска, Организација на потрошувачи на Македонија.

Организацијата на потрошувачи ги советува граѓаните добро да се информираат за своите права, да ги следат и новините кои доаѓаат со новиот закон за потрошувачи.

„Сега сезонските продажби имаат точно одредени датуми, може да има само акциска продажба која трае 30 дена, а промотивните продажби можат да бидат само 8 дена. Доколку им се расипат производите двапати за ист дефект може веќе да бараат нов производ. Цената на рафтот и на касата исто така треба да бидат идентични. Цените треба да бидат истакнати и по килограм и по парче“, додава тасевска.

Освен при продажба, граѓаните најчесто се жалеле и на високи сметки за вода затоа што состојбата на водомерите значително се разликува од таа на сметките, поплаки има и за комуналните услуги бидејќи нема доволно контејнери и не го собираат редовно сметот, а се жалат и за јавното осветлување затоа што има голем број прегорени улични светилки, а дел од општините и ги исклучуваат поради заштеда на електрична енегија.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски во „Директно“: Поранешни функционери наскоро пред лицето на правдата, опозицијата клевети без докази

Дејан Дејан

ЗНМ го осудува попречувањето на новинарска екипа во Тетово и бара итна истрага

Дејан Дејан

(видео)Здравство и Социјална политика се враќаат кај ВМРО-ДПМНЕ – Мицкоски објави детали за владината реконструкција

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе