Вести Македонија

Мал интересот кај студентите да запишат некој од предметите математика, физика и хемија

Електро-машински инжињери, матетматичари, физичари, хемичари се незаинтересирани за наставничката професија. Причината за ваквата состојба во образованието, во кое на нивни места се ангажира и несоодветен кадар се ниските плати и непочитувањето од страна на родителите и учениците. Според анализите најголем недостаток има по предметите математика, физика и хемија, но се почесто, училиштата  немаат и натавници или професори по историја и географија. Универзитетските професори сметаат дека освен факултетското мора да се применуваaт и други форми за професионално доусовршување на наставниците од сродните дисциплини.

Но проблемот не ги засега само македонските, туку и училиштата во цела Европа.Бројот на студенти кои се запишуваат на Факултетите по  информатика и математика расте, но најголем дел од нив заради повисоките плати заминуваат во реалниот сектор.

Во решавањето на проблемот работи штипскиот Универзитет, кој е дел од акредитираната  меѓународната програма за постфакултетско образование на наставниците. Што се однесува за проблемот кој го имаат учениците со математиката во нашата земја, но и во останатите земји од ЕУ, овој тим на професори работи како наставниците оваа наука да ја поврзат со реалниот живот и да биде полесна за учениците.

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тројца загинати и 8 повредени во тешка сообраќајна несреќа кај Кичево

Дејан Дејан

Трамп: Мировниот договор меѓу Украина и Русија мора да се постигне „брзо“

Дејан Дејан

Хутите тврдат: Истрелавме проектили врз Израел и два американски носачи на авиони

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе