Вести Македонија Топ вести

Исчезна 14-годишна тинејџерка – семeјството се сомнева дека е киднапирана

Четиринаесет годишно девојче утрово тргнало за на училиште, но не стигнало. Одејќи по пат натаму и се губи секаква трага. Мајката на девојчето, која била известена од класниот раководител дека нејзината ќерка не дошла на час, пријавила во полиција и со објава на социјалните мрежи бара помош од граѓаните. Тврди дека ќерка и утрово била добро расположена, и` дала пари за ужинка, по што заминала во училиште.Не се сомнева дека самоволно заминала некаде затоа што се работи за мирно и повлечено девојче во кое има целосна доверба.

Девојчето е облечено во црни панталони со странични џебови, светло плав џемпер, црна кратка зимска јакна и бели најк патики со кафеава лента на ѓонот. Последниот пат е видена во Дебар Мало на пат кон Песталоци. Доколку имате било каква информација јавете се на 075-400-816, стои во објавата на мајката.

Од Министерството за внатрешни работи потврдуваат дека имаат таква пријава.

 На 27.11.2023 во 08.35 часот З.Ѓ. од Скопје пријавила дека се сомнева дека нејзината ќерка В.Ѓ. (14) е исчезната. Полициски службеници преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, соопштија од Министерство за внатрешни работи.

Родителите на децата од училиштето со кои разговаравме велат дека телефонот на девојчето од утрово бил исклучен. Нејзината мајка во телефонски разговор за Телма кажа дека е многу вознемирена и дека ги прави сите напори детето што побрзо да се најде.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уште едни неуспешни преговори за прекин на огнот помеѓу Хамас и Израел

Дејан Дејан

Фрлен отпушок од автомобил причина за пожарот кај Блаце?

Дејан Дејан

Продолжува топлотниот бран, денеска до 41 степен

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе