Вести Култура

Отворена изложбата „ Сребрена Тракија“, плод на соработката во културата меѓу Македонија и Бугарија

Предмети  од тракиско сребро, познати во археологијата по уникатноста и  извонредната уметничка изработка, кои се чуваат во Националниот археолошки институт со музеј при Бугарската академија на науки, но и наоди од други 17 историски и регионални музеи од нашиот источен сосед, ја сочинуваат изложбата , „ Сребрена Тракија“ , отворена денеска во нашиот Археолошки музеј. Низ повеќе од 1700 експонати јавноста ќе може да го види развојот на тракиската култура и цивилизација, во периодот од 5 век пред новата ера до почетокот на новата ера. По „ 105 години Требениште“, ова е втора заедничка изложба меѓу националните археолошките установи од Македонија и Бугарија.

  • Македонската публика има чест да го проследи во целост претставувањето на тракиската култура зашто изложбата во Скопје ги надминува и по обем и по комплексност сите претходни поставки на „ Сребрена Тракија“. Ваквите изложби се дел од европските вредности кои препочитаат реално запознавање и читање на фактите од минатото, како и соочување со фактот дека историјата не се буди по потреба, туку се учи за да не разбуди, кажа министерката за култура Бисера Костадиновска- Стојчевска, отворајќи ја изложбата.
  • Овие експонати од огромно значење кои што се овдека поставени покажуваат дека меѓу нас постои волја за меѓусебно зближување и добра соработка. Овој настан зборува за тоа зближување на културите меѓу нашите народи. И за идниот развој, напредок и проширување во Европската унија, рече бугарскиот министер за култура , Крастју Крастев.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Нуклеарката Запорожје остана без струја, Украина ја обвини Русија

Дејан Дејан

„Паднал низ прозорец“ – почина потпретседател на руска нафтена компанија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе