Култура

Утре скопска премиера на филмот „ Лена и Владимир “

Дебитанскиот игран филм на режисерот Игор Алексов „ Лена и Владимир“, кој беше прикажан на затворањето на фестивалот „ Браќа Манаки“, утре ќе има скопска премиера во Синеплекс. Филмот, кој е по сценарио на Александар Русјаков ќе се прикажува и во „ Милениум“, и во други кина низ Македонија. Тој за тема ја има љубовта, а главните улоги ги толкуваат Тони Наумовски и Сара Климоска. Работен е како македонско – српска копродукција, со мнозински домашен удел. Покрај „ Маинд продукција“, во неговото создавање беше вклучена и „ Дрим фектори Македонија“, како и српската продуцентска куќа „ Терирем“.

  • Од утре нели премиерата и почнува да игра на репертоар во Скопје, во кино Синеплекс. Ќе игра, исто така и во „Милениум“ во Скопје. А, од (19. 10.) утре почнува да игра и во Штип и Велес во Киноверзум.Понатаму ќе следи дистрибуција која е локална, македонска пред сѐ. Филмот зборува за љубовта , затоа што едниот лик наоѓа љубов , каква што никогаш немал, а другиот лик наоѓа повторно смисла за животот поради некои трауми, поради кои ја изгубил вербата во љубовта и во животот, вели Илија Циривири, продуцент на филмот од „ Маинд продукција“.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Стоечки овации и бис по изведбата на „Кармина Бурана”

Дејан Дејан

Кармина Бурана во Солун- заедничка изведба на Филхармониите од Скопје и Софија и симфонискиот оркестар од Солун

Дејан Дејан

Македонската филхармонија вечерва во Солун со „Кармина Бурана“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе