Вести Економија Топ вести

ЕВН побара непречен пристап до броилата за да се сетираат за евтина тарифа од 1ви декември

Од 1ви декември треба да се врати евтината тарифа на струјата која според најавите би била во периодот од 13 до 15 часот но таа ќе биде достапна само за околу 200 илјади корисници кои имаат „паметни“ дигитални броила.

За останатите домаќинства Електродиструбицуја очекува евтина струја да има до крајот на декември но за тоа ќе биде неопходно да им се дозволи на читачите на броила да ја прочитаат фактичката состојба и рачно да ги поддесат.

Броилата се читаат еднаш месечно и оние кои ќе бидат достапни веднаш ќе бидат прилагодени за евтината струја и преку ден, појаснуваат од ЕВН.

Во Арачиново, кое изминативе години беше еден од најголемите неплаќачи на струја, директорот на Електродистрибуција, Сашо Салтировски вели дека броилата се веќе извадени на улица, загубите се сведени на 10 проценти во јуни и јули, што се смета за техничка загуба и кај нив сетирањето за евтината денска тарифа ќе биде веднаш направено.

Додаде и дека скопскиот регион бележи најголеми загуби на струја од 20 отсто.

Евтината струја преку ден беше укината од 1 јануари 2022 година, кога беа воведени блок-тарифитие.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трипуновски: Македонија забрзува – од долгогодишен застој денес имаме конкретни резултати во земјоделството

Дејан Дејан

Македонија го добива првиот Национален центар за вештачка интелигенција „Везилка“

Дејан Дејан

Почина познатиот македонски специјалист радиолог д-р Душан Јовановски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе