Вести Економија Топ вести

Машиновозачите обвинуваат за мобинг и суспензии, бојкотот продолжува

Суспензии и мобинг наместо одработената плата. Машиновозачите и раководството во државните Железници се подалеку од договор.

Тие продолжуваат со бојкотот кој го почнаа минатата недела и бараат од раководството кое суспендирало дванаесет машиновозачи да ги суспендира сите машиновозачи наместо со притисок да им дава работни задачи.

Од Синдикатот тврдат дека раководни лица вршат притисок машиновзачите да дојдат на работа.

Директорот на Железници транспорт, Зули Демири, најави дека утре ќе даде изјава околу тврдењата на машиновозачите.

Од државната компанија остануваат на ставот кој го соопштија во вторникот дека бојкотот е незаконски, државата и компаниите трпат големи материјални загуби, а машиновозачите имаат примања од 60 илјади денари.

Од Синдикатот велат дека тоа се невистини и бараат средба со раководството и Владата.

За состојбата во која се наоѓа државната компанија од Синдикатот на машиновозачите посочуваат дека доказ е бројот на расположливи локомотиви.

Според нивните информации во моментот се располага со само пет исправни локомитиви и тоа три за транспортниот и две за патничкиот сообраќај, а 14 се во дефект и не познато зошто не се однесени на поправка или репарација.

Машиновозачите се децидни дека со оваа бројка, без разлика колку и да вложат напор можат да задоволат само дваесетина отсто од транспортот на стока и патници.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Стартот на судењето за злоупотреби во РЕК Битола и Марковски се одложи

Дејан Дејан

Вербална нота до Софија за протекувањето на нотата за патувањето на сопругата и синот на Мицкоски

Дејан Дејан

(видео)„Селективно постапување на првиот човек на МВР и непрофесионално работење“ – Интерпелацијата за министерот Тошковски пред пратениците

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе